Во телеграмата по повод смртта на кардиналот Антонио Нагиб, Папата ја изрази својата молитвена близина и тага до целата Коптска патријаршиска Црква
„Veritas – caritas“ е мотото на неговото блаженство кардиналот Антонио Нагуиб, коптски александриски патријарх во мирување, кој почина вчера во Каиро, а беше споменат од папата Фрањо во телеграма во која изразува близина во молитвата и тага што ја погоди целата патријаршиска Црква. Папата го нарече кардиналот „драг брат“ и истакна дека мотото го одбележало животот на кардиналот, поради неговата вера и свештенички ентузијазам, што го навело да се посвети на формација на свештениците, што беше негов главен приоритет.
Добар пастир
Светиот Отец ја спомена и неговата великодушна посветеност за развојот и социјалната служба, основајќи групи посветени за служење на најсиромашните и оние во најголема потреба. Тој беше пример за добар пастир во Црквата – додаде Папата. Не треба да го заборавиме и неговиот придонес како генерален известувач на посебното собрание за Блискиот Исток на Епископската синода. Папата ја заврши телеграмата со молитва до Бога, со посредство на Марија, да го прими својот верен слуга во небесниот Ерусалим со ангелите и светците. (
Ватикан њуз/к.мк