Трета година по ред, во духот на меѓурелигискиот дијалог млади христијани и муслимани одржуваат средба од 22 до 25 август во Тезе.
На неа се разговара за важноста и оригиналноста на Документот за човечко братство за светски мир и заеднички соживот, потпишан минатиот февруари во Абу Даби од папата Фрањо и големиот имам на Ал Азар, Ахмад Ал-Таеб.
Текстот ќе го претстави имамот од Париз, Мохамед-Саир Баирафил и свештеникот од Лион, отец Кристијан Делмор, одговорен за меѓурелигиски дијалог во неговата епархија. Потоа следува дебата и можност за споделување. Втората тема на состанокот ќе биде гостопримството: дебатата ќе ја водат имамот на предградие на Париз, Мохамед Бачир Олд Сас и отец Кристоф Руку, поранешен директор на Националната канцеларија за меѓуверски односи, тело во рамките на Француската епископска конференција.
Петокот и саботата попладне ќе бидат посветени на дијалози и искуства за пријателство кои веќе постојат во различни региони во светот (во Европа, но и во Либан, Сенегал, Бангладеш).
Ватикан њуз/к.мк