Тезе: Да откриеме дека молитвата е едноставна реалност

Тезе: Да откриеме дека молитвата е едноставна реалност

Како и секое лето, многу млади христијани од целиот свет се собрани во Тезе на неделни средби во организација на Екуменската заедница која во 1940 година ја основа брат Роџер.

Овие денови во тоа мало француско место се наоѓаат 4000 млади луѓе; а во текот на летните месеци имаше повеќе од стотици млади христијани од Египет, Ирак, Палестина и Либан.

Активностите започнуваат наутро – рече брат Чарлс Ежен – со библиски размислувања кои ги предглага приор, брат Алојз, на тема „Отворете ги патиштата на надежта.“ Напладне се одржуваат средби на теми кои се однесуваат на врската помеѓу верата и животот, општественото и црковното ангажирање и уметноста. На деновите ритам им даваат моментите на молитва во заедница – наутро, напладне и навечер – на кои учествуваат сите заедно.

Меѓу предлозите за овогодинешните среди, се наоѓа и повикот за поедноставување на животот за да учествуваме заедно. Тој израз произлегува од длабочината на Правилата на Заедницата од Тезе – објасни брат Чарлс – затоа што брат Роџер многу сакаше да воспостави многу едноставен живот на заедницата, бидејќи Евангелието е едноставно, нѐ повикува на едноставност, но и затоа што едноставноста овозможува поголемо заедничко учество. Затоа барањето на едноставниот живот е предлог кој настојуваме ние самите да го живееме во заедницата, но тоа е предлог кој го упатуваме и до младите.

Молитва, средба, заедничко учество, културни разменувања, тие се карактеристиките на недела во Тезе. Што се однесува до духовното одење на младите, брат Чарлс истакна дека треба да се открие дека и молитвата е едноставна реалност; не треба да бараме изворедни работи во верата, во молитвата. И контемплативната молитва, молитва во која е многу важна тишината, е можен пат на секому од нас, затоа што Бог нѐ не повикува да правиме извонредни работи, туку нѐ повикува на едноставен однос кој со Него често се остварува во тишината – истакна брат Чарлс.

Спомнуваме на крајот дека за следната недела е предвидена молитвена средба која ќе се одржи на 16 август по повод 12 годишнина од смртта на брат Роџер, кој го убие една растроена жена. Може да се каже Тезе во текот на целата година е полн со духот на брат Роџер, затоа многу едноставно ќе го спомнуваме, онака како што тој сакаше – рече брат Чарлс. Освен тоа од 20 до 27 август ќе се одржи посебна недела, наменета само за млади на возраст од 18 до 35 години, кои ќе имаат пoсебна програма, со средби и размислувања на теми како што се сиромаштво, прифаќање на мигрантите, климатските промени, медиумi и други важни теми.

Лаудато/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот