По повод молитвената иницијатива „24 часа за Господ“ папата Фрањо сподели на Твитер две кратки размислувања, поттикнувајќи на молитва и да се појде на светата Тајна исповед.
Во првата твитер порака порача: „Меѓу бројните активности, често занемаруваме она што навистина е важно: духовниот живот, својот однос со Бог. Да застанеме како би се помолиле!“
Во втората пак твитер порака папата Фрањо напиша: „Во светата Тајна исповед го пронаоѓаме патот да се вратиме кај Господ и повторно да ја откриеме смислата на животот“.
Вчера, 9 март 2018 година Светиот Отец во базиликата Свети Петар го предводеше покорничкото славење по повод молитвената иницијатива „24 часа за Господ“. За време на спомената иницијатива предвидено е во секоја бискупија барем една црква да остане отворена 24 часа без престан, овозможувајќи им на верниците света Тајна исповед и евхаристиско обожавање.
РВ/к.мк