Да се гледа Богородица од Гвадалупе значи да се сетиме дека Господовата посета се случува постојано за оние кои настојуваат да го „овоплотат“ Неговото Слово – напиша папата Фрањо во својата Твитер порака на 12 декември по повод празникот Блажена Девица Марија Гвадалупска.
За време на Апостолската посета на Мексико во февруари 2006 година, Светиот Отец за време на светата Миса во главниот град на Мексико, истакна во својата проповед дека богородичното „ДА“, значи нејзино потполно препуштање на Бог, што ја поттикна да го даде најдоброто што го има, одејќи во пресрет на другите.
Во таа прилика рече дека Богородица од Гвадалупе посака да дојде кај американските домородци преку свети Хуан Диего и дека таа и понатаму продолжува да го придружува развојот на мексиканската земја. Светиот Отец потсети во таа прилика за чудото од 1531 година кога од 9 до 12 декември на ридот Тепејак, северно од Мексико Сити, Богородица се објавила на свети Хуан Диего. Му се обратила четири пати на неговиот астетски јазик и од него бара на тоа место да се изгради и посвети црква во нејзина чест.
Во својата втора Твитер порака папата Фрањо се заблагодари на сите кои го следат Твитер профилот @Pontifex, кој слави пет години постоење и порача: Социјалните мрежи секогаш нека бидат места за богата човечност! Имено се започна на 12 декември 2012 кога почесниот папа Бенедикт XVI го напиша следниот твит: Драги пријатели со радост ви се придружувам преку Твитер и благодарам на вашиот великодушен одговор. Од срце сите ве благословувам!
По изборот папата Фрањо одлучи да продолжи да објавува кратки поттикнувачки мисли со луѓето на социјалната мрежа, зборувајќи на разни теми, како што се култура, средба и дијалог, нашиот заеднички дом, војна и мир, нуклеарно оружје, трговија со луѓе и корупција. Твитер пораките на Папата се достапни на девет јазици, а го следат повеќе од 40 милиони луѓе. Светиот Отец не е активен само на Твитер, почнувајќи од 19 март 2016 година е присутен и на Инстаграм, каде е следен од околу 5 милиони луѓе.