„Тајните писма“ на свети Иван Павле II не откриваат ништо тајно

Британската телевизија ББС објави, а многу други медиуми масовно го пренесоа откритието на „тајните“ писма на свети Иван Павле II кои укажуваат како што пренесе еден портал на „интимно пријателство со омажена жена.“

Се работи за Ана – Тереза Тимиениецки филозоф од Полска со која Папата негувал длабоко пријателство и разменувал бројни писма. Медиуми додадоа на таа вест една доза на сензационализам својствена за нив, па така нагласија зборови и синтагми како што се „откриено“ „тајни писма“ „интимен однос“ и „омажена жена“.

Меѓутоа изгледа дека документарецот на ББЦ „Панарома: Тајните писма на папата Иван Павле II, направен од страна на новинарот Едвард Стуртон сепак не открил ништо што за полскиот светец веќе не е напишано и објавено. Имено службено Ватикан се огласи на овие вести објавувајќи дека документарецот не содржи никакви „големи откритија.“

Заменик директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурке вака изјави: „Што се однесува до извештајот на ББС не е никакво големо откритие дека папата Иван Павле II остварил длабоко пријателство со различни луѓе, мажи и жени. Тоа никого нема да го шокира.“

Полската национална библиотека на која што се продадени писмата во 2008 година и во чија сопственост се наоѓаат исто така издаде соопштение во кое се тврди дека ништо „откриено“ во писмата „не е ниту тајна, ниту необично.“

„Објавите во медиумите немаат основа во содржината на писмата кои Иван Павле II ги пишувал на Ана Тереза Тимјениецки, а кои се наоѓаат во архивите на Полската нацонална библиотека. Пријателството опишано во медиумите е веќе познато и обработено во многу публикации,“ пишува во службеното соопштение на библиотеката.

Во документарецот не се прикажани писмата кои Ана – Тереза ги испраќала на Светиот Отец, така што и не се знае контекстот на нивните разговори и прашања на кои омилениот Папа одговарал.

Самата Ана – Тереза ги коментирала тие писма уште во 1996 година. Имено познатиот американски новинар истражувач Карл Берстеин (еден од новинарите кои работеле на скандалот Watergate) и ватиканистот Марко Полити ја објавија таа година книгата His Holiness во која двеасетина страници посветиле токму на неа. Во таа прилика Ана-Тереза на прашањето дали некогаш развила романтичен однос со Светиот Отец одговорила: „Не, никогаш не сум се заљубила во кардиналот. Како би можела да се заљубам во средновечен свештеник? Меѓу останатото јас сум омажена жена.“

Изгледа дека „тајните писма на свети Иван Павле II“ се саморециклирање на 20 години стари вести за нови потреби.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Колумни

За авторот