Суверениот воен ред на Малта донира медицинска опрема на Универзитетската Клиника за детски болести и Стоматолошкиот Клинички центар

Суверениот воен ред на Малта донира медицинска опрема на Универзитетската Клиника за детски болести и Стоматолошкиот Клинички центар

Донација на медицинска опрема на Универзитетската Клиника за детски болести и апарат за прочистување на воздухот и уништување на вируси и бактерии на Стоматолошкиот Клинички центар.

Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Македонија, Неговата Екселенција Франческо Саверио Џуисти, на 23 јуни 2023 година донираше 4 апарати Инфузиони Пумпи за потребите на младите пациенти во Универзитетската Клиника за детски болести кои според лекарскиот тим беа повеќе од потребни. Церемонијата за донација на медицинската опрема се одржа во просториите на Универзитетската Клиника во присуство на Амбасадорот Џуисти, медицинскиот директор Проф. д-р. Стојка Нацева Фуштиќ и оганизациониот директор г-дин Аркин Јахији. На состанокот беше договорено дека во текот на оваа и следната година Амбасадата ќе продолжи да ја поддржува Клиниката и со поголеми проекти.

Исто така, Амбасадорот Џуисти, донираше и апарат за прочистување на воздухот и уништување на вируси и бактерии на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар Свети Пантелејмон Скопје, на одделот за Орална Хирургија. Оваа донација е по иницијатива на сопругата на претседателот на Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, која се погрижи ваквата иницијатица да се финализира во активна соработка со Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Македонија. Церемонијата за донацијата на апаратот се оддржа во просториите на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар, во присуство на Амбасадорот Џуисти, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и директорот Д-р спец. Ариан Даци.

Донациите на Амбасадата на Суверениот Воен Ред во Македонија претставуваат конкретен и значаен гест во добротворни цели и солидарност, со цел поддршка на младите генерации на македонскиот народ, кои се иднината на земјата.

Според повеќе од 100 годишната традиција на Суверениот Воен Ред на Малта, амбасадата во Македонија најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи во иднина, со цел да се помогне на најзагрозените и на лицата со посебни потреби.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот