Струмица: Средби со божиќна тематика

Во пресрет на празникот Рождество Христово – Божиќ во просториите на Катедралата „Успение на пресвета Богородица” – Струмица се одржуваа Божиќни предавања секоја недела на кои се дискутира на теми поврзани со Раѓањето Христово.

Најпрво на 27 декември 2015 година, отец Ристо Самарџиски одржа предавање на тема: Мудреците од Исток, при што се разговараше за ликовите на мудреците.

Втората средба се оджра на 03 јануари 2016 година, а предавањето го водеше Спасе Стојанов на тема: Научни докази за раѓањето на Исус.  Со помош на дидактички средства тој ги објасни астролошките појави кои се случувале за време на раѓањето на нашиот Спасител и како тие појави се запишени уште во Стариот Завет. На средбата исто се дискутираше и за Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар, односно за датумот на славењето на празникот Рождество Христово.

Последната средба на ова тема ќе се одржи на 10 јануари 2016 година во 20:00 часот, во просториите на Катедралата, каде што е предвидено проектирање на на филмот The Nativity Story. Сите верници, а посебно младите се поканети да учествуваат на проекцијата на филмот.

 к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот