Струмица: Свечена академија по повод инаугурацијата на новата епархија и устоличувањето на првиот епарх

Струмица: Свечена академија по повод инаугурацијата на новата епархија и устоличувањето на првиот епарх

На 1 декември 2018 година во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богордица“ во Струмица се одржа свечена академија по повод Инаугурацијата на новооснованата епархија „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“ и устоличувањето на првиот епарх монс. д-р Киро Стојанов.

Покрај епископот Стојанов на академијата присуствуваше кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни цркви, епископи од повеќе европски држави, свештениици и бројни верници. На свечената академија настапи Катедралниот хор под водство на сестра Тереза Стојкова.

Академија започна со интонирање на македонската и ватиканската химнa, а по воведниот збор упатен од о. д-р Зоран И. Стојанов и претставувањето на високите гости, до присутните се обрати Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов кој истакна: „Благодарни сме на Светиот Отец папа Франциск и на сите оние на кои тоа спаѓа – во прв ред на Конгрегацијата за Источните цркви и овде присутниот нејзин Префект, Н. Е. Кард. Леонардо Сандри, на Меѓународната епископската конференција св. Кирил и Методие – и други, што ја препознаа потребата за воспоставување на нова Епархија на овие простори каде христијанството дише со непрекинат здив од апостолските времиња, од апостол Павле. Немало прекин ниту тогаш кога се случувале големи прогонувања, кога припадноста кон Католичката црква се плаќала само со една единствена валута, а тоа било крв. Како да не се биде благодарен, кога во овие времиња на криза на сите вредности – особено духовните – Светиот Стол препознава и дава нов импулс на оваа расфрлана и мала заедница?! Како да не се биде трогнат кога ќе се присетиме на своите светли предци, кои беа подготвени сѐ да жртвуваат, сѐ да изгубат, сѐ да напуштат, само едно да сочуваат: тоа е верата и припадноста кон една, света, католичка и апостолска Црква. Нивните жртви, често и преданоста на животот нѐ обврзуваат на понатамошна верност. На нови патишта, на нов начин на пасторал“.

За Македонската Католичка црква од византиски обред зборуваше деканот о. д-р Зоран И. Стојанов, при што истакна: „Убеден сум дека во овој момент можеме да кажеме имаме иднина, зашто имаме сегашност, благодарение на заслугите на оние кои посеале плодно семе преку светото Евангелие во минатото.“

На крајот од свечената академија кардинал Сандри упати зборови на охрабрување и го благослови присутниот народ.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот