На Цветници во парохиската сала младите од парохијата организираа Крстен пат со игра на сенки.
На Цветници 13 април 2025 година, во парохиската сала „Света Мајка Тереза“ во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица се одржа Крстен пат со игра на сенки, анимиран од младите од парохијата, а предводен од отец Гоце Костов.
На големо платно, со пригушено светло во салата на секоја постојка од Крстниот пат, младите со сенки ги формираа 14 призори, прикажувајќи го на креативен начин страдањето Христово и низ се она што Господ помина заради нашето спасение. Крстниот пат беше придружуван со позадинска музика и песни.
На крајот од побожноста парохот отец Гоце Костов им се заблагодари на верниците, за нивното присуство, што е знак на поддршка на децата во парохијата, благодарејќи им што се грижат нивните деца да бидат редовни на веронаука и останатите средби организирани во парохијата.
На овој анимиран Крстен пат претходеа подготовки кои се одржуваа за време на средбите по веронаука.
к.мк