Струмица: Крстен пат за семејства

Во недела 15 март во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица се молеше Крстен пат за семејства. Крстниот пат го предводеше о. Гоце Костов, додека размислувањата на секоја постојка ги читаа членови на 14 различни семејства. Со многу конкретни и актуелни примери размислувањата ги поттикнуваа верниците на верност и истрајност во семејниот живот пред модерните предизивци и опасности, кои сакаат да ја обезвреднат важноста на семејството и брачниот живот. Да се живее во христијански брак потребно е Христовото присуство во него, стои во еден од текстовите од семејниот Крстен пат.

Иницијативата за молење Крстен пат за семејства беше поттикната минатата година од групата брачни парови во парохијата, кои редовно секоја недела се собираат на Света Бројаница во нивните домови.

к.мк

 Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот