Струмица: Крстен пат за деца на ридот Самораница

Струмица: Крстен пат за деца на ридот Самораница

Во недела 14 април 2019 година децата од веронаучната група при парохијата „Раѓање на свети Иван Крсттиел“ – Струмица молеа Крстен пат за деца на ридот Самораница, придружувани од о. Гоце Костов и парохискиот викар о. Атанас Сирачев, верници од парохијата, роднини и пријатели на децата.

Размислувањата на постојките ги предводеа децата, а истовремено на секоја постојка тие носеа икони од постојките, кои ги имаат изработено за време на активностите по веронаука. За оваа молитва тие се подготвуваа за време на веронауката, која се одржува секоја недела со почеток од 10.30 часот во парохиските простории.

Парохијата Свети Иван Крстител – Струмица секоја година организира Крстен пат за деца на отворено, додека Крстниот пат за млади оваа година ќе се моли повторно на празникот Цветници во дворот на парохиската црква.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот