Во недела 8 јуни 2025 година, на празникот Педесетница – Духовден по светата Литургија, во организација на црковниот одбор на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица се делеше заеднички ручек – Агапе за присутните верници, кој претходно беше благословен од парохот протојереј отец Гоце Костов.
Црковните одборници го подготвуваа ручекот цела ноќ, а во активностите учествуваа и верниците, со волонтерска работа, но и со свои придонеси и донации.
Заедничкиот ручек – Агапе е организиран како знак на заедништво на членовите на парохиската заедница како едно исто семејство. Оваа иницијатива преминува во традиција со цел да се негува единството меѓу верниците во парохијата.
к.мк