Струмица: Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат

Струмица: Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат

На 28 декември 2017 година во просториите на Катедралната парохија „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица се одржа духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија. Темата на духовната обнова носеше наслов: „Божиќ е празник на Христовото раѓање“, а предавањето го одржа о. Тома Ангелов, парох во Богданци и Стојаково.

По предавањето се разви плодна дискусија поврзана со темата за размислување, која беше во контекст на денешното црковно живеење и сфаќањето на празникот Рождество Христово.

За време на духовната обнова свештениците имаа можност за света Исповед, а потоа служеа заеднички света Литургија, која ја предводеше деканот о.  д-р Зоран И. Стојанов.

Средбата заврши со заедништво и дружење во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот