Струмица: Бдение за покојните – Повикани на светост
Во парохиската црква Свети Иван Крстител во предвечерието на Задушница, петок 6 ноември 2015 година младите организираа бдение за покојните, кое беше насловено „Повикани на светост“.
По завршувањето на светата Литургија, младите ја предводеа светата Бројаница за душите во чистилиштето, при што пред секоја десетка изнесоа кратко размислување од тажното таинство. Потоа се молеше Литанија до свети Иван Крстител, молитвени накани, а бдението заврши со панахида за покојните и благослов со светата Причест.
Оваа молитвена иницијатива е резултат од средбите на млади кои се одржуваат секој вторник во парохиските простории со почеток во 19.30 часот.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија