Старо интервју на Папата исечено, извадено од контекст и прикажано како став за хомосексуалноста

Старо интервју на Папата исечено, извадено од контекст и прикажано како став за хомосексуалноста

Само 24 часа откако светските агенции, но и домашните медиуми ги објавија изјавите од неодамна објавениот документарен филм на режисерот Евгениј Афиневски со наслов  „Francesco”, за животот и службата на папата Фрањо и дека со своите изјави го менува учењето на Католичката црква, разоткриено е дека едно постаро интервју на Папата е исечено, извадено од контекст и прикажано како нов став за хомосексуалноста.

Така светските агенции првата изјава за правата на хомосексуалците да останат, да бидат во своите семејства погрешно ја преведуваат од шпански – па ја интерпретираат како вдомување и посвојување на деца од страна на хомосексуалните парови, а другата изјава на Папата – за цивилно партнерство – никогаш не е објавена во оригиналниот разговор со мексиканската новинарка, затоа што самиот Папа во процесот на авторизација ја отстранил.

Во меѓувреме се покажа дека објавата за режисерот на филмот дека се ‘спријателил’ со Папата е неточно и впечатокот кој Ројтерс и АП го создадоа, имено дека папата Фрањо на него му го дал интервјуто. Афиневски побарал и добил пристап до Ватиканските архиви за подготовка на филмот и од таму ја извлекол изјавата на Папата од пред 1,5 година за цивилно партнерство, која самиот Папа ја има острането.

La Difesa del Popolo го разоткрива документарниот филм и донесува факти за манипулација со изјавите на папата Фрањо, па така денес е јасно дека зборовите кои се појавуваат во документарниот филм се снимени за интервју пред 18 месеци и кога ќе се погледне целиот контекст во кои се настанати – нивното значење не е исто. Папата Фрањо го даде интервјуто на почитуваната новинарка Валентина Алзраки, кое е емитувано на Телевиси и трае околу еден час.

Дваесет секунди од тоа интервју завршуваат во документарниот филм, кој донесува разни други исечоци како би се раскажал целиот седумгодишен понтификат.

Но цитираните реченици не се едноподруго, туку Папата ги изговара во различно време и што е уште поважно, во контекст на различни ситуации. Во тие дваесет секунди се наоѓаат барем пет различни фрагменти од тоа интервју – пишува La Difesa del Popolo.

Тоа интервју може да се види во целост на следниот линк.

Во оригиналното интервју Папата опишува дека на еден лет му е поставено прашање, после кое бил многу лут он начинот на кој го пренесе медиумот.

„Прашањето беше за интеграција на лицата со хомосексуална ориентација во семејството. Реков дека хомосексуалните лица имаат право да бидат во семејствата и татковците имаат право да го препознаат својот син или својата ќерка како хомосексуални. Не може никој да се исфрли од семејството и поради живото да им се направи неподнослив“ – вели Папата.

Што учи Црквата за хомосексуалноста

Катехизмот на Католичката Црква учи дека оние кои се идентификуваат како ЛГБТ „мора да бидат прифатени со почит, сочувство и чувствителност“. Треба да се избегнува секој знак на неправедна дискриминација во поглед на нив. (…) Катехизмот објаснува дека хомосексуалните склоности „објективно се неуредни“, хомосексуалните постапки се „спротивни на природниот закон“, а оние кои се идентификуваат како лезбијки и хомосексуалци, како и сите други луѓе, се повикани на крепоста чедност.

Католичката црква по ова прашање во 2003 година има објавено документ кој е одобрен од папата Иван Павле II., а напишан од тогашниот кардинал Јозеф Рацингер, кој потоа стана папа Бенедикт XVI.

Конгрегацијата за наука на верата учи дека почитувањето на хомосексуалните склоности во никој начин не може да доведе до одобрување на хомосексуалните однесувања или правно признавање на хомосексуалните заедници.

„Правното признавање на хомосексуалните заедници или нивно поставување на исто ниво со бракот би значело не само одобрување на девијантно однесување, што за последици би имало да се претвори во модел за денешното општество, туку би ги засениле основните вредности кои припаѓаат на заедничкото наследство на човештвото“ – стои во документот ЦДФ од 2003 година, кој

Па така драги мои, бидете мирни, Папата не ја менува науката на Црквата ниту пак неговиот личен став во однос на бракот и хомосексуалноста..

Народ/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот