Стани сестра Евхаристинка

Стани сестра Евхаристинка

Каква сум сега? Послушничка, Евхаристинка. Можеби по една година ќе ја облечам облеката на професките (професка се нарекува сестра која има дадено монашки завети), а моите другарки се кандидатки…

Четрите другарки на Еврозија кои ја положиле основата на новата монашка заедница, требало да поминат неколку месеци како кандидатки, а потоа послушнички. Послушништвото траело пет години, од кои две биле посветени на подготвувањето за примањето на ангелската (н.з. облека) – така се нарекува облеката на сестрите кои дале завети. Останатите три години требало да дадат можност на сестрите да започнат со сите служби во монашката заедница и на крајот достојно да ги дадат светите завети. Последните се давале за една година и се обновувале секоја година на дваесет и петти март, на празникот Благовет.

(текстот е извадок од книгата „Благородното дело на отец Јосиф и на сестра Еврозија Алоати“ од д-р Христо Драгов)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот