Секоја година на 8 мај многубројни верници одат на поклонение во базиликата на Нашата Пресвета Богородица од Лухан, недалеку од аргентинскиот главен град. Тоа богородично светилиште го посетуваше и папата Фрањо додека беше надбискуп на Буенос Аирес, а изминатите денови во едно писмо изрази желба Марија да го сврти својот поглед на него и на целиот Божји народ.
Драг брате, 8 мај се доближува… и моето срце патува кон Лухан – се зборовите со кои папата Фрањо го започна со рака напишаното писмо, упатено до локалниот надбискуп Хорхе Шеиниг, кој го објави спомнатиот текст. Осврнувајќи се на славењата кои на тој ден се одржуваат во чест на Блажена Дева Марија, Светиот Отец истакна дека таму ќе биде присутен во духот, како духовен и „виртуелен“ поклоник.
Ќе ја погледнам уште еднаш и ќе дозволам уште еднаш и таа да ме погледне – порача Папата, и вбројувајќи се меѓу свет, верен и грешен Божји народ кој многу ја сака Богородица, објасни дека нејзиниот поглед обновува и дава сила. Освен тоа, напомена дека на Пресвета Богородица од Лухан ќе и ги каже своите грижи и радости, ќе ја моли да се грижи за нив и да им помогне како секогаш неуморно би барале прошка, свесни дека нејзиниот Син никогаш не се заморува да простува.
На нејзе ќе и ветам дека ќе бидам подобар – истакна Светиот Отец цитирајќи го аргентинскиот свештеник Амелио Луис Калори, и заврши: Вечерва, Дево, моето ветување е искрено. Но, за секој случај, не заборавај да го оставиш клучот надвор. Ќе се вратам дома со сигурност дека примив милост.
Ватикан њуз/к.мк