Со што е исполнето срцето на жената? Со што е исполнето твоето срце? Треба да биде со Бог и љубовта. А да сакаш значи да бидеш ранлив. Па, пожелно е да бидеш ранлив.
Знам дека не сум единствената која понекогаш се чувствува осамено и несфатено. Општеството ни зборува дека мораме да бидеме силни, да не покажуваме дека сме слаби, да ја загушиме својата женственост, да не чувствуваме, било што друго освен самодоверба не е неприфатливо, дека треба да се стремиме кон физичкото совршенство и така листата оди понатаму и понатаму.
Сето она што општеството од нас го бара е изводливо, но е нездраво и не е патот кој нѐ води до искрената среќа. Би кажала дека тоа нѐ разделува од Оној кој нѐ сака и кој нѐ создал.
Што значи да сакаш?
Дефиницијата за моќта која општеството ни ја наметнува е лажна. Спротивно на она што непријателот сака да веруваме, ранливоста е нешто најсилно што можеме да го изберeме. Света Мајка Тереза рекла дека треба: „да сакаме до болка.“ Да сакаш значи да бидеш ранлив. Кога сме ранливи чувствуваме сѐ, а не само оние добри чувства. Љубовта е многу повеќе од добри чувства. Кога искрено сакате (посакувате добро на другите) доживувате толку многу различни емоции и тоа е потполно нормално и здраво. (…)
Биди онаа што Бог сака да бидеш и ќе го запалиш светот
Исто така верувам дека огромна сила се крие во тоа што Бог нѐ создал токму такви какви што сме. Ги создал жените за да бидаат женствени, и само затоа што не сме како мажите не значи дека сме помалку или повеќе важни. Еднакво сме вредни, но со цел потполно поинаква и треба да го прифатиме она што сме. Никогаш нема да бидеме среќни ако се обидеме да бидеме било што друго освен она за што Бог нѐ создал. Света Катарина Сиенска рекла:
„Биди она што Бог сака да бидеш и ќе го запалиш светот.“
Бог ја создал жената со толку убава женственост. Чуствуваме поинаку. Мислиме поинаку. Физички, емоцинално, психички и духовно се разликуваме од мажите. Тоа е во ред. Всушност, тоа е добро. Женственоста нуди нешто свето, единствено и живо, и целиот свет страда кога ја задушуваме својата женственост.
Барај го Бог во сѐ, бидејќи Тој е Вистината.
Жена Врсна/Тања Стојанова/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк