Средба со Христос во Светата Тајна Исповед
Месијата е многу блиску до нас и во овие денови на Божиќен пост односно Адвент се подготвуваме да го примиме на нов начин кога ќе дојде Божиќ. Во овие денови Исус посебно ни препорачува:»Зајакнете ги слабите раце, зацврстите ги изнемоштените колена!Кажете на исплашените срца: ‘Бидите јаки, не плашете се…« секој ден се среќаваме со пријателите, соработниците, роднините, со изгубените токму во она што е најважно во нивниот живот. Се чувствуваат неспособни да одат кон Господ и како парализирани се сопкаат по животниот пат, зошто ја имаат изгубено надежта. Ние треба да ги водиме до сиромашната пештера во Витлеем, таму каде што секој ќе ја пронајде смислата на сопствениот животот. Но, за тоа треба самите да го познаваме патот: мораме да поседуваме внатрешен живот, личен однос со Исус; најпрво ние мораме да го подобриме она што и нашите пријатели требат да го поправат и мораме да имаме цврста надеж во надприродните средства.
Молитвата, подвизите и примерот ќе бидат секогаш во секој христијански апостолат. Прозбената молитва за другите ќе биде подобро услишана доколку е потпомогната со светоста на оној кој моли. Апостолатот се раѓа од големата љубов кон Христос.
Во многу случаи, приближувајќи ги нашите пријатели до Христос значи дека ќе треба да ги воведиме во Светата Тајна Исповед, една од најголемите добра кои Господ ги остави на својата Црква. Да го приближиме пријателот до Исповедта е поголема помош која можеме да ја дадеме, можеби е и најголема. Понекогаш ќе мораме полека да му помогнеме да направи добар испит на совеста; во друга прилика ќе биде потребно да го испратиме до местото каде може да се исповеди; во друг случај ќе биде доволно топол збор за охрабрување, со кратко и скромно објаснување за благодтите од оваа Света Тајна. Голема е радоста секој пат кога ќе го приближиме роднината, колегата или пријателот до Таинството на Божјото милосрдие. Оваа иста радост во небото со нас ја дели Господ – нашиот Отец и сите блажени.
Битно нет/А.С.