Средба на Каритас директори од регионот

Загреб, 27.4.2013 /к.мк/ – Од 24 – 26 април 2013 во Загреб се одржа Регионална средба на директори на Националните Каритаси од Југоисточна Европа, на која учестуваше и Македонски Каритас. Организатор и домаќин на средбата беше Хрватски Каритас.

Целта на средбата беше да се евалуира досегашната регионална соработка која постои одредено време, чија главна цел е развој на Парохиските Каритаси, како и да се разговара за понатамошните чекори кои ќе придонесат за уште поинтензивна соработка и делување на ова поле.

Свое поздравно обраќање до учесниците на оваа средба имаше и претседателот на Хрватскиот Каритас, монс. Јосип Мрзљак, Вараждински бискуп, кој пред сè ја истакна важноста на Каритас во пасторалното делување. (с.с)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<