Средба и духовна обнова на монашките заедници во Македонија во пресрет на Денот на посветен живот

Во Скопската катедрала Пресвето Срце Исусово на 1 февруари 2014 година во пресрет на Денот на посветениот живот се одржа духовна обнова и средба за чесни сестри која ја предводеше лазаристот патер Јуриј Деветак. Заедно со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов на средбата присуствуваше и генералниот викар монс. Антун Циримотиќ, скопскиот катедрален парох дон Давор Топиќ и триесетина чесни сестри припаднички на различни харизми од територијата на Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија.

На почетокот своето добредојде го изрази бискупот Стојанов, истакнувајќи ја радоста заради средбата во името на Господа, претставувајќи го патер Деветак, кој е на служба во Белград. Тој се заблагодари на повикот да ја предводи духовната обнова на тема “Љубовта во монашките заедници“ а  по повод прогласувањето на новата пасторална Година на семејството.

Потоа следеше предавањето на водителот на духовната обнова п. Деветак чие размислување се темелеше на поттикот и размислувањето за љубовта кон Бога, луѓето и кон себе. Тој говореше и изнесе практични примери од секојдневието во заедниците, истакнувајќи ја силата на верата која помага да се премине преку грешките, недостатоците, нагласувајќи ја потребата за разбирање на слабоста на другите, за да може да се расте во стрпливоста која помага да расте љубовта во нашето заедништво.

Исто така, тој укажа дека во заедницата не треба само да се прифаќа слабоста на другите, туку укажа и на повикот и посланието да се биде Симон Киринеец во животите на другите, прифаќајќи ги другите не како крст, туку како дар од Бога. Присутните ги охрабри секогаш да се потпираат на Господа, затоа што само на тој начин може другите да се прифаќаат и да се биде сведок на Божјата љубов. По духовниот говор, сестрите имаа можност за света тајна Исповед, а во исто време беше изложена Пресветата Евхаристија.

На почетокот на Евхаристиската прослава која беше предводена од бискупот Стојанов, дон Топиќ кажа дека 2 февруари монс. Стојанов бил именуван за бискуп и во името на собраната заедница кажа: „Утре е 15 годишнина од вашето бискупско именување за кое ви честитаме и молиме за сила и близина на небото во животот и посланието. Како пастир во оваа земја додека чекорите први гледајќи го Господа и упатувајќи ни го погледот и срцето на дарот на верата, денес ја гарантираме нашата молитва храбро да го предводите стадото кое ви е доверено, изразувајќи преданост затоа што го сакаме Господа, Црквата и вас бискупе како наш пастир, за во нас и по нас лицето на Црквата да може да сјае уште појако во својата светлина и послание.“

Бискупот Стојанов својата пригодна проповед ја базираше на Евангелскиот дел каде што „Исус ја смирува бурата“. Тој истакна: „Евангелскиот дел е навистина радосна вест, кога во човекот е бура, веста која е навестена е мотив за оптимизам и мир. Иако изгледа дека понекогаш Бог спие, дека е отсутен од животот тогаш кога најмногу ни треба, сепак Тој е тука и можеме да ја искусиме неговата близина. Тој е Емануел, Бог со нас, сака да ни биде блиску и со нас да дели сѐ освен гревот.“ Коментирајќи ги Исусовите зборови – зошто сте маловерни, бискупот кажа дека верата и довербата се раѓаат од средбите и меѓусебното познавање со Господ, нагласувајќи ја тајната на Евхаристијата во животот на верникот, секојдневната лична и заедничка молитва во заедниците. На крајот на светата Миса бискупот им заблагодари на сестрите за доаѓањето охрабрувајќи ги за послението во Црквата и им кажа дека овој месец ќе оди во Индија каде се наоѓа телото на блажена Мајка Тереза која е родена во Скопје, молејќи и барајќи застапништво за животот на оваа месна Црква. По средбата во Катедралата присутните се упатија кон парохискиот пасторален центар на агапе и братско дружење.

Дон Давор Топиќ/Превод: Е.А.

Категорија: Македонија

За авторот