Средбата со Исус ни го дава вистинскиот мир
„Восхитувањето е голема благодат, која Бог ни ја дава преку средбата со Исус Христос. Тоа е нешто што нè повикува од радост да излеземе надвор од нас… не е обичен ентузијазам, како на пример кај навивачите при победата на својот клуб, туку нешто подлабоко. Тоа е внатрешно доживување од средбата со живиот Исус, откако си помислил дека тоа не е возможно. Но Господ ни покажува дека тоа е реалноста. Колку е убаво! “.
Ова го кажа папата Фрањо на светата Литургијата, која ова утро ја служеше во домот Света Марта, на која присуствуваа вработените од Ватиканската печатница, а на крајот од светата Литургија Светиот Отец се помоли клекнат во последните клупи од капелата. Во кратката проповед Папата повикувајќи се на литургиските читања за четврток по Воскресението Христово (Лука 24, 35 – 48), коментирајќи го восхитувањето на мноштвото кое го видело исцелувањето на хромиот и изненадувањето на ученици од укажувањето на Воскреснатиот Христос.
Можеби подобро ни е познато обратното изненадување, кога човечката слабост, менталните болести или ѓаволот, наговараат дека ни се привидува или си фантазираме, а тоа не е Бог. Од Бог е оваа голема незамислива радост, толку голема што не можеме ниту да ја веруваме. И си мислиме: Не, тоа не е вистина! Тоа е Господ. Восхитувањето е почетокот на вообичаена состојба на христијанинот.
„Се разбира, не можеме да живееме само од восхитување”, истакна Папата. Но тоа е почеток. Потоа восхитувањето остава белег во душата и следува духовната утеха. Тоа е утехата од средбата со Исус Христос”.
По восхитувањето и утехата доаѓа мирот – продолжи папата Фрањо. Христијанинот никогаш и во најболните искушенија не го губи мирот и присуството Христово, но со малку повеќе храброст може да се помолиме: „Господи, дај ми благодатт од средбата со Тебе: духовна утеха и мир. Овој мир не можеме да го загубиме, бидејќи не е наш, туку Господов. Вистинскиот мир не се продава и не се купува. Тој е дар Божји. Затоа – заврши Папата – да ја бараме благодатта за духовната утеха и духовен мир, кои почнуваат од радосните восхитувања при средбата со Исус Христос. Да молиме да биде така“. – заврши Светиот Отец,