Во сабота 17 мај 2025 година со света Литургија во провинцијалната куќа на сестрите Евхаристинки во Скопје, која ја служеше Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов завршија духовните вежби на оваа монашка заедница. Со епсикопот Стојанов сослужуваа катедралниот парох патер Винко Маслаќ, и катедралниот капелан патер Томислав Рукавина.
Духовните вежби започнаа на 11 мај, а проповедник беше патер Винко Маслаќ, кој преку моменти на молитва и размислувања, остваруваа заедништво со Бога и меѓу себе, навлегувајќи подлабоко во таинствата на верата и духовниот живот. За време на духовните вежби сестрите имааа можност и за света Исповед.
к.мк