Со архиерејска Литургија во Богданци прославен патрониот празник на црквата

Со архиерејска Литургија во Богданци прославен патрониот празник на црквата

На 24 мај 2018 година Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света архиерејска Литургија по повод патрониот празник на парохиската црква во Богданци. Покрај свештениците од Апостолскиот егзархат и чесните сестри од Гевгелија, на светата Литургија присустуваше и градоначалникот на општина Богданци г-дин Блаже Шапов, придружуван од неговиот соработник Ристо Киров. За време на светата Литургија во црквата беа изложени моштите на свети Кирил Солунски, единствени мошти од овој голем светец кои се наоѓаат во Македонија.

Зборувајќи во својата проповед за делото на светите браќа Кирил и Методиј владиката Стојанов истакна: „Драги браќа и сестри, ние наследници на источното белодробно крило благодариме на апостолското дејствување на светите браќа Кирил и Методије за нивната постојаност. Она што повторно не фасцинира кај светите Браќа се овие работи: во времето на нивното послание славените биле новодојден народ негде од исток, разнородни и пагани. Кон нив можело да се зазеде став на противење како против населување на територија која се наоѓа под власта на Римското царство, гледајќи на нив како неорганизирани освојувачки орди. Благодарејќи на Црквата и нејзината свест дека според природата таа е мисионерска тоа не се случило.

(…) Кога сето тоа што го знаеме за светите Браќа го пренесеме во наше време и си поставиме прашање: што денес може да се направи за новата евангелизација? Тогаш ни се наметнува моделот на светите Браќа: да имаме свест дека Црквата е мисионерска, да излеземе во пресрет на луѓето кои се на периферијата и трето да им го навестиме Божјото слово на јазик и начин на кој тие го разбираат. “ (целата проповед можете да ја прочитате на тука)

Кон крајот на светата Литургија парохот о. Тома Ангелов се заблагодари на епископот Стојанов за неговата присутност, како и за пастирските и татковски зборови на охрабрување во проповедта, а исто така се заблагодари и на сите останати присутни за нивниот допирнос во оваа славење. Верниот народ на крајот од Литургијата на владиката Стојанов му го честита именденот пеејќи „На многаја лета“.

Присутните верници на самиот крај од Литургијата имаа можност да се поклонат и да ги целиваат моштите на свети Кирил и од него да измолат милости за нивните накани.

Заедништвото продолжи во црковниот двор со агапе приготвено до верниот народ.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот