Телеграма од папата Фрањо по повод смртта на кардиналот Сергиј Обеса Ривера, архиепископот на Ксалапа (Мексико), кој почина на 11 август на 87 годишна возраст
Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство за смртта на кардиналот Сергиј Обес Ривера, кој почина на 11 август на 87 годишна возраст. Тој беше пастир кој го ставаше својот живот во служба на Бога и Црквата долги години во верност. Господ Исус нека му даде венец на славата што не венее – напиша Папата во телеграмата испратена до архиепископот на Ксалапа, монс. Хиполит Рејес Лариос.
Меѓутоа, во специјалното соопштение, мексиканските епископи се спомнале на заложбата на кардиналот додека тој бил претседател на Мексиканската епископска конференција, што се совпаднало со некои важни моменти во историјата на нивната земја. Таа негова заложба беше обележана со учество во мировните преговори и помирувањето според Договорот од Сан Андрес и напорите за воспоставување на односите меѓу Мексико и Светиот Престол.
Благопокојниот кардинал Сергио Обеса Ривера, архиепископ на Ксалапа (Мексико), е роден во 1931 година. Завршил теологија на Папскиот универзитет Грегоријана и бил ракоположен за свештеник во 1954 година. По враќањето во Мексико, 17 години имал разни служби во богословијата, вклучително и како духовен директор, а на крајот бил и ректор. Бил ракоположен за епископ во 1971 година, а во 1979 година бил назначен за архиепископ на Ксалапа.
Тој беше избран за претседател на Мексиканската епископска конференција за два мандата во 1982 година, а последователно, во 1995 година, и трет пат. Во 2007 година, Бенедикт XVI ја прифати неговата оставка, како резултат на навршената возраст, за пасторалното водство на Архиепископијата на Ксалапа. Тој беше воведен во кардиналниот колегиум од папата Фрањо на 28 јуни 2018 година.
Ватикан њуз/к.мк