Папата повикува на борба против зависностите кај младите

Папата повикува на борба против зависностите кај младите

Папата Фрањо упати порака до учесниците на 60. Меѓународен конгрес на форензичари токсиколози кој се одржува од 27 до 31 август 2023 година во Рим.

Светиот Отец изрази загриженост за зголемената употреба на дрога меѓу тинејџерите и младите: деликатноста на годините, во комбинација со ранливоста на современото општество, може да ги наведе да бараат нови и опасни искуства, како што се употребата на супстанции и злоупотребата на алкохол.

Папата Фрањо, исто така, зборуваше за новите психоактивни супстанции (НПС), кои „претставуваат сериозен и сложен проблем во сегашната панорама на зависности, со рапидно растечки пазар и несигурни токсиколошки ефекти и сериозни импликации за јавното здравје“. Тие, исто така, „лесно се модифицираат хемиски, што му овозможува на организираниот криминал да избега од контрола“.

„Сведоци сме и на зголемување на застапеноста на допинг супстанците, посебно на натпреварувачкото и спортското поле. Употребата на допинг супстанции во спортот манифестира опсесија за постигнување важни цели и високи резултати по секоја цена – предупредува Папата. На овој начин, дезориентирани и често без јасни насоки, многу млади луѓе ја следат илузијата и сметаат дека употребата на дрога е крај на тагата и бесмисленоста: тоа е таа „залудна надеж“ на замаеност која го ослободува човекот од заморот на битието и постоењето, често скриени под превезот на желбата за бегство и забава. Згора на тоа, не смееме да заборавиме дека зад секоја зависност стојат конкретни искуства, приказни за осаменост, нееднаквост, исклученост, недостаток на интеграција“.

Соочени со овие ситуации не можеме да бидеме рамнодушни“, нагласува Папата во пораката. „Не може да се остане рамнодушен на проблемите на новите генерации, мора да се следи примерот на близината на Господ Исус, односно да се застане пред ситуации на ранливост и болка, да се обрне внимание на крикот на осаменоста и страдањето, потребно е да се наведнеме за да ги подигнеме и да ги вратиме во нов живот оние што паднале во ропството на дрогата“. „Посебно, мораме да инвестираме во образованието и аналитичките методи и да развиеме ефективни превентивни програми. Светиот Отец ги охрабрува младите да ја бараат смислата на животот преку едукативни, терапевтски и рехабилитациски патишта и да понудат алтернативни културни модели.

Папата ја завршува својата порака со надеж дека резултатите од работата ќе придонесат за „идентификување на образовни, терапевтски и рехабилитациски патишта способни да го спречат и се борат против злото на дрогата, да промовираат алтернативни културни модели и да промовираат потрага по причини за живеење, кои ги изгубија, особено најмладите“, заклучува Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот