Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Паролин и упатена до бискупот од Гома, папата Фрањо го осуди нападот во кампот Мугунга каде 18 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа во две експлозии на 3 мај. Папата го народот на Конго да ја одржува надежта, а политичарите да работат за мир и братство.
Светиот Отец испрати телеграма со сочувство по нападот на кампот за раселени лица Мугунга во ДР Конго на 3 мај 2024 година , во кој загинаа осумнаесет лица. Уште 35 лица се ранети, а за нападот е обвинета бунтовничката група М23.
Телеграмата е упатена до бискупот од Гома, Вили Нугумби Нгенгеле, а е потпишана од Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пјетро Паролин. Во пораката Светиот Отец истакнува дека со голема тага дознал за „кукавичкиот напад“ на кампот. Тој ја изрази својата близина со „сите погодени од тој чин на слепа омраза во кој не беа поштедени ниту децата“.
Светиот Отец истакна дека „со молитви ги поддржува повредените и ужалените семејства“ и се моли за вечен покој за сите кои ги загубија животите.
Светиот Отец остро го осуди „секој чин на насилство насочен кон решавање на конфликтот“, нагласувајќи дека први жртви се секогаш најсиромашните. Тој понатаму го повика конгоанскиот народ да ја задржи надежта и ги охрабри политичките актери „да работат решително во служба на мирот и братството“.
Ватикан њуз/к.мк