Во телеграмата до мадридскиот надбискуп, кардиналот Осор Сиера, потпишана од државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, Папата ја изрази својата близина и наклонетост кон децата на саканиот шпански народ и ги вети своите молитви за жртвите и ранетите, доверувајќи ги на Господовото милосрдие.
Откако дозна за тажната вест за голема експлозија во една зграда во Мадрид, во која загинаа четири лица, папата Фрањо испрати телеграма со сочувство до надбискупот на шпанскиот главен град, кардинал Карлос Осор Сиера, потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин.
„Во овие тешки времиња, Папата сака да ја изрази својата блискост и приврзаност кон кардиналот, свештенството и сите деца на саканиот шпански народ“, се вели во телеграмата.
„Светиот Отец ги упатува своите молитви кон Господ и на посебен начин ги доверува на неговата милост вечниот покој на жртвите, како и на сите ранети и нивните семејства“, напиша Светиот Отец во телеграмата со сочувство.
Молејќи на крајот за мајчинското застапништво на Пресвета Богородица од Алмудена, Папата го подели својот апостолски благослов, како знак на христијанска надеж во воскреснатиот Господ.
Ватикан њуз/к.мк