Во вторникот вечерта, 25 февруари 2025 година, Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение за здравствената состојба на Папата, во кое се вели дека не претрпел акутни респираторни кризи, а неговите хемодинамски параметри остануваат стабилни. Прогнозата останува неизвесна.
„Клиничката состојба на Светиот Отец останува критична, но стабилна. Не се случиле акутни респираторни напади, а хемодинамските параметри и понатаму се стабилни. Вечерта му беше извршен КТ скен за радиолошки мониторинг на билатерална пневмонија. Прогнозата останува неизвесни. Утрото, по примањето на Причестапродолжи со работните активности“.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол продолжува двапати дневно да ги информираа верниците во врска со здравјето на Папата откако тој беше примен во болницата Гемели во Рим во петок, 14 февруари.
Светиот Отец моментално се лекува од двојна пневмонија, а во неделната информација за здравјето на Папата се истакнува дека има знаци на блага бубрежна инсуфициенција, која изгледа дека е под контрола.
Во соопштението од понеделникот вечерта се истакнува дека, и покрај сериозноста на состојбата на Папата, покажал мало подобрување. „Не се случија напади на респираторен дистрес слични на астма [понеделник], а некои лабораториски испитувања покажаа подобрување. Следењето на неговата блага бубрежна инсуфициенција не е причина за загриженост. Терапијата со кислород продолжува, иако со малку намален проток и ниво на кислород“.
Во соопштението се вели дека лекарите се „внимателни“ со прогнозата „со оглед на сложеноста на клиничката слика“.