Сопатникот од Емаус

Денес, кога те видов на Литургија, ти реков: „Не се насмеа од кога дојде!“ Всушност не си се насмевнал од минатото лето.

Преполовен си, од очите ти исчезна сјајот и жарот, а изгледа тоа не ти пречи…

Туку се прашувам: Ако денес умреш и дојдеш пред моето лице, дали тогаш тоа ќе ти пречи?

Тогаш ќе те прашам: „Човеку, што направи со она што сум ти го дал?“ Дали ќе можеш да ме погледнеш в очи признавајќи дека половината од моето најскапоцено богатство си го закопал?

Јас не те создадов да чекориш наоколу тмурен и безживотен. Не те создадов да живееш во очите на ова мое мало стадо како католик кој не се радува, кој е празен. Не те создадов за да ги спасуваш другите, а да се занемариш себе си.

Не ти го доверив моето најскапоцено богатство (ТЕБЕ) за да го закопаш во мрачна и студена земја, а таа светлина што ја запалив во тебе, да ја сокриеш под капак.

Оживеј, човеку! Воскресни! Престани да умираш…

Па зарем јас не ја победив смртта?!?

Твојот сакан,

Сопатник (Христос) во Емаус

Преземено од СКАЦ Палма / (Е.А.)

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<