Советот на кардинали започна со работа

Во понеделник 17 февруари, започна третото заседание на папата Фрањо со Советот на кардинали, основан на 13 април минатата година и потврден со Папски своерачен документ (кирограф) на 28 септември со задача да му помогне на Папата во управувањето со општата Црква, како и да ја разгледа нацрт ревизијата на Апостолската конституција ‘Pastor Bonus’ кој се однесува на Римската курија. Состанокот со Светиот Отец започна кратко по светата Литургија во домот Света Марта, а во присутност и на Државниот секретар, архиепископот Паролин.

Касно претпладне директорот на Канцеларијата за печат при Светата Столица, патер Федерико Ломбарди, одржа брифинг на кој извести дека денес е разгледан извештајот од комисијата за организација на економско- административните структури на Светата Столица, во кој Комисијата ја престави својата работи за овие први 7-8 месеци. Тоа беше почетно претставување на резултатите. Нема никаква одлука од било кој вид – истакна патер Ломбарди.

Во вторник 18 февруари на програма е извештајот на комисијата за Ватиканската банка (ИОР). Светиот Отец само во среда претпладне нема да биде присутен на состаноците, бидејќи ќе биде зафатен со Генералната аудиенција, па поради тоа Советот ќе разговора за работи од помала важност. За попладне е предвидена средба со кардиналите членови на Советот од на петнаесет, чија задача е да ги разгледа организациските и економските проблеми на Светата Столица, а се наоѓаат во Рим поради конзисториумот.

Во четврток 20 февруари во 9.30 часот – потсети патер Ломбарди – ќе започне вонредниот конзисториум, во Новата синодска сала. Воведно предавање за семејството ќе одржи кардинал Валтер Каспер. После тоа следува излагања на кардиналите. Во петок вечер после состанокот во рамките на конзисториумот, Светиот Отец ќе се сретне со претседателката на Бразил Дилма Русеф. И на крајот во понеделник 24 февруари и вторник 25 февруари ќе се одржат уште два важни состаноци; имено состанок ќе одржи Секретаријатот на Епископската синода, како и Советот на петнаесет – извести патер Ломбарди.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот