Годишното собрание на Папската академија за живот се одржува физички и онлајн од 27 до 29 септември во Рим на тема „Јавното здравство во глобална перспектива. Пандемија, биоетика, иднина“.
Академци, научници и стручњаци од пет континенти ќе размислуваат за глобалниот предизвик на пандемијата од болеста коронавирс, меѓу останатото тешкотиите во рамноправната распределба на вакцините и медицинската грижа во целиот свет. Во склоп на собранието е и работилницата отворена за пошироката публика која ќе се учествува онлајн. Меѓу говорниците се нобеловецот д-р Јулес Хофман, претседателот на Светското лекарско здружение д-р Давид Барбе, директорката на Панамериканската здравствена организација д-р Кариса Етиене и д-р Валтер Ричарди од Католичкиот универзитет Пресвето Срце.
Работилницата ќе се занимава со искуството на пандемијата од етичка перспектива, со акцент на медицинските, еколошките и социјалните прашања кои повикуваат на одговорност и бараат промена на менталитетот и структурите. Се сака да се даде оригинален придонес за важната расправа за јавното здравство и проблемите кои во центарот на вниманието ги става пандемијата, со цел темелна обнова на општеството и рамноправна и одржлива иднина.
Претседателот на Папската академија за живот надбискупот Винченцо Паглија предупреди: „За да можеме да се грижеме за здравјето во прв ред мора да бидеме живи“. За западните земји приоритет е вакцинирањето и денес всушност сме сведоци на најголемата кампања за вакцинирање некогаш покрената во историјата. Ако навистина сакаме да покажеме дека пандемијата на нешто нѐ поучи во центарот ќе биде темата за лекување и здравствената грижа во иднина, истакна надбискупот Паглија.
Пандемијата ги покажа огромните економски и социјални нееднаквости. За мнозинството светско население проблемот не е само распределбата на вакцините туку и пристапот до здравствена грижа и воопшто до добрата кои овозможуваат живот. Неодамна повеќе амбасадори при Светиот Престол ја истакнаа потребата за одговарање на кризата со делотворни мерки за иднината. И иако вакцинирањето е најважно во перспектива на глобалната заштита од Ковид 19, клучно е прашањето за можноста за скоро надминување на нееднаквностите со имплементација на глобални здравствени политики засновани на правото на секоја личност до пристап на лекување.
Програмата на собранието е достапа на интернет страницата Папската академија за живот.
Учесниците на собранието папата Фрањо ќе ги прими утрото на 27 септември, а на 28 навечер предвидена е свеченост за доделување на новооснованата награда „Чувар на животот“ (Guardian of Life) на д-р Далеу Рецинели советник, осуден на смрт во казнено поправна установа во Флорида.
Ика/к.мк