Привремениот директор на Канцеларијата за пречат при Светиот Престол, Алеснадро Џизоти на 11 јули упати изјава по повод смртта на Винцент Ламберт, француски квадриплегичар кој утринава почина во Реимс.
„Со тага ја примивме веста за смртта на Винцент Ламберт. Го молиме Господ да го прими во својот дом и изразуваме близина со неговите сакани и сите оние кои сѐ до крајот му помагаа со љубов и преданост. Потсетуваме и повторно потсетуваме на зборовите од Светиот Отец за овој болен настан: „Бог е единствен Господар на животот од зачнување, па до неговиот природен крај и должност ни е секогаш да го штитиме и да не подлегнуваме на културата на отфрлање“ – стои во изјавата на привремениот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Винцент Ламберт, 42 годишен француски квадриплегичар, кој повеќе од десет години е во вегетативна состојба, умре во четврток 11 јули, откако претходно девет дена беше оставен без вода и храна, кои лекарите му ги прекинаа по налог на францускиот суд. Ламберт претрпе сериозни повреди во сообраќајна несреќа во 2008 година и останал неподвижен.
Папската академија за живот во Твитер порака по повод оваа тажна вест напиша дека смртта на Ламберт е „пораз за човештвото“.
Ватикан њуз/к.мк