„Возљуби Го Господ, твојот Бог… и својот ближен како себе си“ (Лука 10,27)
Молитвената седмица за единството на христијаните[1]оваа година ја нуди за размислување оваа реченицата чии пак корени се во Стариот Завет[2]. На пат кон Ерусалим, еден законик го запре Исуса и Му го постави прашањето: „Учителе, што треба да направам за да наследам живот вечен?“ [3] Тој започнува дијалог, а Исус му одговара со контрапрашање: „Што е напишано во Законот?“ [4], наведувајќи го соговорникот сам да го најде одговорот: љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот заедно се сметаат за резиме на Законот и Пророците.
„Возљуби Го Господ, твојот Бог… и својот ближен како себе си“
„А кој е мој ближен?“, продолжува законикот. Учителот одговара со параболата за добриот Самарјанин. Тој не ги набројува различните типови на луѓе кои можат да го претставуваат ближниот, туку опишува став на длабоко сочувство што мора да ја мотивира секоја наша постапка. Ние самите мора да им станеме ближни на другите.
Прашањето што секој треба да си го постави е: „А кому сум му јас ближен?“
Исто како што правеше Самарјанинот, ние треба да се грижиме за нашите браќа и сестри чиишто потреби ги знаеме и да се внурнеме во нивните ситуации без страв, со љубов која притрчува на помош, која дава подршка и сите ги охрабрува.
Неопходно е да се препознаеме во ближниот себе си и на другиот да му правиме тоа што би си го направиле самите себеси. Ова е таканареченото „златно правило“ кое го среќаваме во сите религии. Ганди тоа јасно го кажува: „Јас и ти сме едно. Не можам да те повредам без да се повредам себеси“.[5]
„Возљуби Го Господ, твојот Бог… и својот ближен како себе си“
„Ако останеме рамнодушни или безволни кон материјалните и духовните потреби на нашите ближни, не можеме да кажеме дека го сакаме како себе си. Не можеме да кажеме дека го сакаме како што го сакаше Исус. Во заедница која сака да биде инспирирана од љубовта на Исуса, не смее да има простор за нееднаквост, разлики во положбата, маргинализација, запоставување. […] Се додека кај ближниот гледаме странец, оној кој ни го нарушува мирот, кој ни ги расипува плановите, не можеме да кажеме дека го сакаме Бога со сето срце“.[6]
„Возљуби Го Господ, твојот Бог… и својот ближен како себе си“
Животот е она што ти се случува во сегашниот момент. Тоа значи да ја забележите личноста до вас и да знаете да ја слушате, што нè отвора за интересно знаење и иницира непланирани иницијативи.
Токму ова и се случи на Викторија:
„Во црквата бев импресионираан од прекрасниот глас на Африканка која што седеше до мене. Ѝ честитав и ја охрабрив да се приклучи на парохискиот хор. Од разговорот дознав дека монахињата од Екваторијална Гвинеја е на поминување во Мадрид. Во нивниот ред прифаќаат напуштени новороденчиња и деца и ги следат додека не станат полнолетни, не завршат со студиите или не научат занает. Шивалната работи добро, но нема доволно машини за шиење.
Ѝ понудив помош во барањето нови машини, со доверба во Исус, сигурна сум дека нè слуша и ме поттикнува без калкулација.
Еден мој пријател познава занаетчија кој беше среќен што можеше да биде дел од тој синџир на љубовта. Тој поправи осум машини за шиење, а нашол една за пеглање. Еден брачен пар се понудил да ги превезе машините во Мадрид, поради што ја смениле дестинацијата на нивниот дводневен одмор и поминале речиси 1.000 километри. Така, „машините на надежта“, по долго патување по копно и море, стигнале сè до Малабо. Не можеа да поверуваат во Гвинеја! Нивните пораки не изразуваа ништо друго освен благодарност!“
Подготви: Патриција Мацола и тимот Слово на животот
[1] Молитвената седмица за единство на христијаните се обележува на северната хемисфера од 18 до 25 јануари, а на јужната хемисфера за време на неделата на Духовден. Текстовите на овогодинешната молитва ги подготви екуменскиот тим од Буркина Фасо.
[2] Спореди. 5 Мој 6,4-5 i Лев 19,18.
[3] Лука10,25.
[4] Лука 10,26.
[5] К.Лубик, Уметност на љубовта, Нов свет, Рим 2005, str. 18.
[6] К.Лубик, Слово на живото за декември 1985.