Слово за живот за октомври 2018

Слово за живот за октомври 2018

„Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.“ (Галатјаните 5,18)

Апостолот Павле пишува послание до христијаните во Галиција, покраина која е сместена во средиштето на денешна Турција. Тој ги евангелизирал и тие станале блиски на неговото срце.

Во таа заедница неко сметале дека христијаните мораат да почитуваат две заповеди од Мојсеевиот закон за да му бидат драги на Бога и да достигнат спасение.

Павле, напротив, тврди дека повеќе не сме „под Законот“ затоа што самиот Исус, Синот Божји и Спасителот на светот, со својата смрт и воскресение на сите им стана пат кон Отецот. Верата во Него го отвора нашето срце за делувањето на Духот Божји кој нé води и следи на животните патишта.

Според мислењето на свети Павле овде не станува збор за непочитување на Законот, туку за тоа дека треба да се приведе кон конечното постоење, препуштајќи се на водењето на Духот.

Павле нешто пред тоа пишува: „Оти, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.“ (Галатјаните 5,14)

Во христијанската љубов кон Бога и кон ближните ја пронаоѓаме слободата на синовите и одговорноста: според Исусовиот пример повикани сме да ги љубиме сите, да љубиме приви, да ги љубиме другите како себе си, па дури и оние кои ги чувствуваме како непријатели.

Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.

Љубовта која доаѓа од Бога нé поттикнува да бидеме одговорни личности во семејството, на работното место, каде и да се наоѓаме. Повикани сме да градиме мостови во мир, во праведност и во закон. Законот на љубовта е најсилен темел на нашите социјални интеракции, како што вели и Марија: „Работам како наставничка во проблематично предградие на Париз, подрачје со мултикултурна училишна популација. Спроведувам интердисциплнирани проекти во тимска работа, живеејќи го братството со колегите за да бидеме поверодостојни во предлагањето на тој модел на децата. Научив дека резултати не можам да очекувам веднаш, ниту кога некое од децата не се менува. Важно е да продолжиме со него и да го следиме, вреднувајќи го и ценејќи го. Понекогаш ми се чини дека ништо не успевам да променам, а следниот пат добивам видлив доказ дека изградените односи носат плодови. Тоа се случи со мојата ученичка која на едно предавање не учествуваше активно. Мирно и одлучно и објаснив дека секој треба да го врши својот дел за да живееме складно. Подоцна ми напиша: „Жал ми е што така се однесував, повеќе нема тоа да се случи. Знам дека вие од нас очекувате конкретни дела, а не зборови, и сакам за тоа да се залагам. Вие сте личност која нам на учениците ни ги пренесува вистинските вредности и желбата да успееме.“

„Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.“

Живот во љубовта не е само плод на нашите напори. Токму Светиот Дух кој ни е даруван, и кој секогаш можеме да го молиме, ни дава сила да стигнеме до таму да бидеме се повеќе слободни од ропството на егоизмот и да жвееме во љубов.

Кјара Лубик пишуваше: „Љубовта е таа која нé придвижува, која ни предлага како да постапиме во одредени ситуации и во изборите на кои сме повикани. Љубовта нé учи да правиме разлика: ова е добро, ќе го направам; ова е зло, нема да го направам. Љубовта нé поттикнува да делуваме барајќи го доброто за другиот. Не сме водени однадвор, туку со мотото на новиот живот кој Духот го всади во нас. Сила, срце, разум, сите наши способности можат „да чекорат во склад со Духот“ затоа што ги поврзала љубовта и целосно се дала на располагањето на Божјиот план за нас и за општеството. Слободни сме да љубиме.“

Летиција Магри

Категорија: Вера, Духовност

За авторот