Слово Божјо за денес: нечистиот дух се враќа со седум полоши од него

Слово Божјо за денес: нечистиот дух се враќа со седум полоши од него

Од Светото Евангелие според Лука (11, 23-26)

23. Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура. 24. Кога нечист дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места и бара спокој; и не наоѓајќи вели: »Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов. 25. Па, штом дојде, го наоѓа изметен и уреден. 26. Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога влезат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.“

Кој би помислил дека во изметен и уреден дом би можело да се случи нешто лошо? (…)

Прво ќе помислиме дека на изметен и уреден дом на ѓаволот ќе му биде одбивен, а не во него да се врати со седум уште полоши од себе! (…)

Главниот проблем е тоа што домот останал празен, а празните работи треба да се наполнат. За жал ако човекот не ја исполни со добрина, злото ќе дојде само од себе. Токму на тоа Господ сака да нѐ предупреди. (…)

  1. Празниот дом е ранлив – ако во него не се всели Бог, ќе дојдат демоните

Откако од него го истерал ѓаволот, домот останал празен и токму во тоа е проблемот. Празниот дом е ранлив. Ако во куќата никој не престојува, лесно ќе се оштети и уништи. Уште повеќе, ако душата е празна, бидејќи во неа не престојува Бог, тогаш таа ќе е неисполнет простор, со задоволство би се населиле демоните, сите облици на човечки грев, вклучувајќи ги горделивоста и нередот.

Кога во куќата никој не живее, во неа навлегуваат глодари и трње, а на ѕидовите пајажини. Како што на необработената нива расте плевел, така и празната куќа пропаѓа. Истата работа се случува со празната човечка душа, со душата во која не престојува Бог и во која нема благодарност и копнеж за Него.

За ова поука е кажана параболата: дозволи Му на Господ и сѐ она што претставува Божјо царство да ја исполни секоја твоја празнина! Имено толку е лесно празнината да се исполни со лоши работи. (…)

  1. Изметениот дом треба да биде исполнет со благодарност кон Бог

Секако е добро кај човекот со Божјата благодат да се измете гревот од неговиот живот. Но, тоа не е негова или нејзина заслуга, туку Бог во тоа се прославува! Во спротивно ја отвораме вратата на горделивоста. Сатаната само нѐ демне и чека да кажеме: „Погледни колку добро го направив ова, како се откажав од ова и она, навистина сум подобар од другите!“ Па, изметениот дом (душата) мора пред сѐ да биде исполнета со благодарност кон Бог. Затоа Господ нѐ предупредува на тоа, дека е опасно домот да биде изметен, а во него да ја нема понизноста и благодарноста. Тогаш во него ќе се всели лошата горделивост и човекот ќе биде уште полош отколку на почетокот.

  1. Уреденоста – во ред е, ако не претеруваме

Да, домот треба да биде наместен и уреден, но не за сопственикот да се фали со неговата убавина. Кога надворешната убавина ќе ја ставиме пред љубовта, тогаш паѓаме во замката на суетата. Тоа е предупредување за оние кои ценејќи ја убавината, го мразат секој кој со нив не ги дели истите естетски склоности. Оној кој сака профани работи и се згрозува над тоа што другите ги немаат истите естетски барања, на пат е неговата суета да му биде полоша отколку на почетокот.

Убавината и восхитот од убавината не се сами по себе лоши, но ако ја исклучуваат љубовта, на човечката душа ѝ нанесуваат штета. (…)

Се држат за верските обичаи, животите им се совршено средени, но празни…

Исто така е важно да се осврнеме на контекстот во кој Господ ја кажува ова прабола. Имено, пред да ја каже параболата, пред Него доаѓаат оние кои Го обвинуваат дека преку Велзевул ги гони ѓаволите. (…)

Со други зборови, овие луѓе се држеле до верските обичаи, што само по себе е добро, дозволиле нивниите животи да бидат совршено изметени и уредени, но ПРАЗНИ. Тогаш во таа празнина се јавуваат сомнежот, омразата и горделивоста.

Добро е да го вршиме Законот, но ако некој го извршува Законот без љубов кон Бог и ближниот, таквиот живот е празен и човекот станува суетен и циничен.

  1. Ѓаволот може да ја искористи дури и нашата побожност за да нѐ врзе

Па, како што со телесното умртвување се очистуваме од она што во нас било лошо, од нашите лоши склоности, да се отвориме за Бог за неговиот Дух да се всели во нас; во спротивно, кога сме празни и ранливи, лесно во нашата „изметена и уредна“ душа можат да се вселат горделивоста, скржавоста, блудноста, зависта, неумереноста во јадењето и пиењето, гневот, мрзеливоста… со тие седум лоши главни гревови со кои сме се обиделе да се решиме на самиот почеток. Тогаш ќе ни биде уште полошо отколку на почетокот. Ако тој „исчистен“ простор на душата е го исполниме со Бог, ја отвораме вратата за наведените гревови.

Затоа да внимаваме, бидејќи ѓаволот може да ја искористи и нашата побожност за да нѐ врзе во своите окови. Па, во чистата душа да се всели Духот, Духот на живиот Бог, а ние да бидеме понизни пред Господ и за сѐ да Му благодариме.

Бук/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот