Примајќи ги во аудиенција службениците во Ватиканската тајна архива, папата Фрањо најави дека во 2020 гдина ќе бидат отворени архивите со документацијата за папството на Пио XII.
Следната година на 2 март ќе бидат отворени Ватиканските архиви со документите кои се однесуваат на папството на Пио XII и тоа точно на 81 годишнина од изборот на Еугенио Пачели за Папа во 1939 година. Тоа го навести папата Фрањо примајќи ги на 4 март 2019 година во аудиенција службениците од Ватиканскиот таен архив.
Обемна документација
Папата им се заблагодари на присутните за инвентарот и подготовката на обемната документација која по желба на Бендикт XVI, започна во 2006 година. Таа постојана и тешка обврска ваша и на вашите колеги им овозможува во спомен на таа важна годишнина денес да ја навестам својата одлука за отворање за научниците архивските документи кои се однесуваат на папството на Пио XII, се до неговата смрт на 9 октомври 1958 година во Кастел Гандолфо – рече папата Фрањо.
Предрасуди и претерувања
Слугата Божји Пио XII – потсети Светиот Отец спомнувајќи ја неодамна одбележаната 80 годишнина од неговиот избор за Папа, стоел на кормилото на Петровиот кораб во еден од најтажните и најмрачните моменти на XX век, вознемирен и во поголем дел уништен од последната Светска војна со период на повторно уредување на државите и повоената реконструкција која следуваше.
Неговиот лик се истражувал и проучувал од голем број аспекти, понекогаш за него се дискутирало и дури се критикувал (би се рекло со некои предрасуди или претерувања) – рече Папата и додаде: Денес соодветно му се враќа неговата вредност и уште повеќе се прикажува во исправно светло заради неговиот повеќестепен квалитет: пред сè пасторален, но и теолошки, аскетски и дипломатски.
Исправно светло
Папата Фрањо потоа објасни дека одлуката за документацијата за која веќе свети Павле VI и свети Иван Павле II дадоа можност за консултации, ја донел мирно и со доверба откако го послушал мислењето на своите најблиски соработници.
Сериозното и објективно историско истражување ќе знае во вистинско светло и содветна критика да ги процени моментите на славење на тој Папа, како и моментите на големи тешкотии, тешки одлуки, човечки и христијански предупредувања, кои на некои би можеле да им изгледаат како премолчувања, а кои напротив биле обиди, човечки исто така многу макотрпни, во моментите на најголема темнина и суровост да се одржи запален пламенот на хуманитарните иницијативи, сокриени но активни, дипломатијата и надежта во можното отворање на срцата – истакна Папата и на крајот напомена дека Црквата не се плаши од историјата; уште повеќе има желба да ја сака уште повеќе и подобро како што Бог ја сака!
Ватикан њуз/к.мк