Скопје: Сестрите Усмиленки ги обновија своите монашки завети

Сестрите Ќерки на христијанската љубов (Усмиленки) во понеделникот на 4 април 2016 година во манастирската капела во Скопје во раните утрински часови за време на Литургијата ги обновија своите монашки завети, како што тоа го прават секоја година на празникот Благовест.

Светата Литургија ја предводеше скопскиот капелан дон Јошт Мезег. Тој во својата проповед нагласи дека е значајно секој ден, исто како Девица Марија на Господ да му велиме „Нека ми биде“. Ова е посебно важно во овој повод за годишната обнова на заветите, кога сестрите повторно свесно на Господ ќе му го кажат своето „да“, зошто нашата љубов кон Господ никогаш не смее да се олади, туку од ден во ден треба сѐ повеќе и повеќе да се зголемува.

Шест сестри од заедницата „Ќерки на христијанската љубов“ по проповедта во тишина ги обновија своите монашки завети.

к.мк
 Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот