И покрај пандемијата со коронавирусот и оваа година се одржа молитвената осмина за единство на христијаните, која се одржува од 18 до 25 јануари 2021 година. По тој повод на 21 јануари 2021 година бискупот Стојанов ја предводеше молитвата за единство на христијаните, придружуван од дон Паво Шекерија, о. Марјан Ристов, дон Томаш Бак, сестрите Евхаристинки и богослови во капелата на Пасторалниот центар во Скопје.
Во сабота на 23 јануари 2021 година пак се одржа екуменска молитвена средба преку ZOOM, на која учествуваа претставници на Католичката црква, претставувана од о. Зоран И. Стојанов, Македонската православна Црква претставувана од о. Горан Стојчев и Евангелско – методистичката црква, претставуван од г. Лазо Танчев, кои зборуваа на теми поврзани за единството на христијаните.
Ватикан њуз/к.мк