Скопје: Бискупот Стојанов го предводеше Крстниот пат за духовни звања

Во петок 11 април 2014 во скопската катедрала Пресвето Срце Исусово, скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, монсињор др. Киро Стојанов го предводеше Крстниот пат за нови свештенички и монашки звања во месната Црква, заедно со свештеници, монахињи и богослови.

Преку побожноста Крстен пат беше упатена молитва до Господарот на жетвата да испрати нови работници во својата жетва. Размислувањата ги читаа свештеници, чесни сестри, кои делуваат на подрачје на скопската парохија: Евхаристинки, Мисонерски на љубовта, Усмиленки, како и посветени лица од движењето на фоколарините, како и богослови.

По побожноста Крстен пат, Евхаристиското славење го предводеше бискупот Стојанов, а за време на Мисата пееше катедралниот хор под водство на с. Татјана Атанасова.

о.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот