Скопскиот деканат одржа Деканска седница во Охрид
Во среда, 08 јули 2015 во парохијата Свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт во Охрид се одржа деканатска средба на свештеници од скопскиот деканат.
Средбата започна со молитва на Шестиот час и поздравен говор на скопскиот декан дон Давор Топиќ, кој ги пренесе поздравите од Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов.
Во втората точка од дневниот ред скопскиот викар дон Јошт Мезег говореше за патувањето на верниците од Македонија на средба со папата Фрањо во Сараево на 06 јуни 2015, кој беше голем настан на верата за сите верници кои присуствуваа на овој настан. Потоа свештениците ги претставија своите парохиски заедници и проговорија за плодовите на верата и пасторалните активности, како и за потешкотиите со кои се среќаваат во евангелизацијата. Во четвртата точка деканот говореше за потребата од формирање на парохиски пасторален совет во парохиските заедници. Говорејќи за култот односно побожноста кон блажена Мајка Тереза, присутните се согласија дека е важно да се бараат патишта и да се запознаваат верниците со пригодни катехези и една континуирана работа со животот и делото на блажена Мајка Тереза. Исто така се осврнаа на пасторалната Година на семејството во бискупијата, и Годината на посветен живот во сеопштата Црква.
После работниот дел средбата на свештениците продолжи во попладневните часови во братско заедништво.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк