Скопскиот бискуп и Скопско-струмички епарх Киро Стојанов на 13 октомври 2022 година ги прими во бискупската резиденцијатво Скопје претседателката на Заедницата на Хрватите во Македонија Невенка Костовска и професорите по право Владо Бучковски од Скопје, Ивана Јарамаз-Рескушиќ и Иван Милотиќ од Загреб.
Повод за приемот беше одржувањето на научниот собир „Хрватите во високообразовниот и културниот живот во Македонија во втората половина на 20 век“ и отворањето на „Центарот за правна аргументација Иво Пухан“ на Факултетот Јустинијан Први во Скопје. Бискупот Стојанов најпрво ги поздрави гостите, а потоа даде осврт на историјата и неодамнешните активности на локалната Црква, како од западниот, така и од источниот обред.
Потоа зборуваше за различните активности на Црквата во Македонија, но и за предизвиците, почнувајќи од духовните звања, црквите, активностите на Каритас и грижата за сиромашните, но и за важноста на хрватската заедница на овие простори. Тој особено со радост потсети на посетата на папата Фрањо во 2019 година и на придонесот на Римскиот првосвештеник за локалната Црква.
Гостите го запознаа бискупот Стојанов за соработката на Хрватската заедница и Правниот факултет „Јустинијан Први“, чија цел е заеднички да придонесат и поттикнат истражување и реализација на проекти за членовите на македонската и хрватската академска заедница со цел да се поттикнат Европските вредности во современото општество. Како израз на оваа соработка и ваквите заложби, тие ја претставија неодамна одржаната научна конференција и формирањето центар за правна аргументација, кој го носи името на професорот на Правниот факултет во Скопје, Иво Пухан, кој бил Хрват.
Во оваа прилика гостите на бискуот Стојанов му подарија две публикации „Грчко-римско и канонското право во основите на западот“ и „Грчко-римско и канонското право во унапредување на човековото достоинство“ подготвени од двајцата професори од Загреб.
Ватикан њуз/к.мк