Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов по повод Воксресението Христово упати честика до Поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан
Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, по повод празникот воскресение Христово упати честитка до Поглаварот на МПЦ – ОА, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, во која му го честита големиот христијански празник на него, на Светиот Архиерејски Синод, на свештенството, монаштвото и на сите верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Со радост ја делиме со Вас и Вашите најблиски содржината на прекрасната вистина, дека воплотениот Божји Син Исус Христос го поднесе страданието и смртта за сите нас грешни луѓе. Со својот пример и нас не поучи да и ние, како него, треба да го носиме својот крст, што нашите сопствени слабости и светот ги ставаат на плеќи на оние кои се трудат околу вистината, правдата и мирот.
Со своето воскресение Бог на Исус Христос му даде власт на небото и земјата. Тој со силата на својот Дух веќе делува и во нашите срца.
Воскреснатиот Го молиме да во Вашето срце, го исполни тоа, што Тој сака – за прославување на своето Име, за зацврстување и проширување на своето Царство и на Ваша сегашна и вечна среќа, – се вели во честитката на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, монс. д-р Киро Стојанов упатена до Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.