Скопската катедрала доби нов табернакул

Скопската катедрала доби нов табернакул

Во недела 10 март 2019 година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов по завршувањето на светата Миса го благослови новиот табернакул.

Новиот табернакул е во знак на срце, што ни говори дека евхаристијата која се чува во табернакулот е срцето на Црквата и траен знак кој ни говори дека Бог има срце. Исто така ликот на табернакулот во знак на срце поврзан е и со патронот на катедралата “Пресвето Срце Исусово”.

Табернакулот е изработен во сакралната работилница Pracownia rzemiosł artystycznych – Stanisław Stopyra во Гродзиско Долне, Полска.

к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот