Сирија: Убиен е монах

Ерусалим, 25.6.2013 /к.мк/ – Минатата недела бунтовници го уништиле манастирот на Фрањевците свети Антун во Гасание, а во нападот е убиен фрањевскиот монах отец Франсоа, објавено е во соопштението од отец Пјербатиста Пицабала (на фотографијата). Информацијата е потврдена од регионалниот настојател на фрањевците за Сирија отец Халим Нужаим. Очевидец на инцидентот е фрањевскиот свештеномонах Фирас кој се погрижил за достојно погребување на телото на починатиот монах, а новинската агенција СИР ја пренесува веста за настанот. „Сите треба да знаат дека со подршката на бунтовниците Западот го подржува религиозниот екстремизам, а со тоа помага за убивање на христијаните – вели регионалниот настојател на оците фрањевци отец Халим Нужаим. Ако се продолжи вака, во регионот нема да остане ниту еден христијанин “. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<