Синодa за семејство: Извештајот од излагањата е само работен документ
„Генералниот секретаријат на Синодата, како последица на реакциите и дискусии кои следуваа по објавувањето на извештајот од излагањата (Relatio post-disecptationem) и поради фактот дека неговата содржина е неправилно прифатена, вели дека овој текст е работен и ги вклучува изјавите и дискусиите од првата недела, а сега ќе биде подложен на дебати во работата по групи (circoli minori), според статусот на Синодата“.
Со оваа известување, директорот на Ватиканската прес служба, отец Федерико Ломбарди го одржи редовниот брифинг со новинарите за работата на Синодата посветена на семејството, додавајќи дека „резултатот од работата на групите ќе биде претставен на работната сесија на 16 октомври, а содржината на документот ќе биде публикуван“. На 18 октомври, ќе биде претставен и конечниот извештај од Синодата (Relatio Synodi), кој потоа ќе биде претставен на Светиот Отец.
„Со изненадување ги прочитавме во медиумите првите реакции од објавениот документ – вели кардиналот Фернандо Филони, префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите, учесник на брифингот. „Некои дури изразија и шокираност дека Папата го рекол ова или Синодата одлучи така… Секако, сето тоа не е вистина“.
Кардиналот Филони ја објасни „динамиката“ на процесот, препорачувајќи да се избегнат големи очекувања, уште повеќе што оваа Синода е подготвителна фаза за Генералната редовна Синода во октомври 2015:
„Сакаме повеќе да се истакне онаа динамика со која целата Црква работи на сите нивоа и аспекти, бидејќи ние не разгледуваме едно или само некои прашања, туку едно исклучително богатство од теми“.
РВ/В.Н.