Се поклонуваат ли католиците на статуи и икони?

Ја кршат ли католиците првата Божја заповед доколку ги почитуваат статуите и иконите? Одговорот на ова прашање, кое и денес многумина го поставуваат, ни го дава свети Иван Дамаскин.

Иван Дамаскин бил меѓу првите кои во јавниот и приватен култ разликувале поклонување (latreia) од почитување (proskynesis): првото може да се искажува само на Господ, највисоката духовна стварност, додека во овој вториот човекот може преку икона да се обраќа кон оној кој е прикажан на иконата. Сепак, очигледно е дека Господ во никој случај не смее да се поистоветува со материјата од која е направена иконата. Тоа разликување веднаш се покажало многу важно како би се дал христијански одговор на оние кои сметале дека сите безрезервно и постојано мораат да се придржуваат на строгите старозаветни забрани за користење на сликите во обредот. За тоа се воделе големи расправи и во исламскиот свет, кој ја прифаќа таа еврејска традиција на потполно исклучување на сликите од обредот. Меѓутоа христијаните, во тој контекст, разговарале за тој проблем и пронашле оправдување за почитувањето на сликите.

Иван Дамаскин пишува:

„Во некогашните времиња Бог никогаш не бил претставен во слика, бидејќи нема ни тело ни лице. Меѓутоа, бидејќи луѓето го видоа Бога во тело и бидејќи живееше меѓу луѓето, јас го претставувам она што е во Бог видливо. Не ја славам материјата, туку создателот на материјата, кој стана материја. Нема да престанам затоа да ја почитувам материјата по која ми дојде спасение. Меѓутоа во никој случај нема да ја почитувам како Бог! Зарем би можело и да биде Бог она што е создадено, а да пред тоа не постоело?… Но јас го славам и почитувам исто така сето останато во материјата што ми донесе спасение, бидејќи таа е полна со свети сили и милости. Зарем не е можеби материјата дрво на крстот три пати благословена? Зарем не се и мастилото и пресветата книга на Евангелието материја? Зарем не е спасителскиот олтар од кој ни се дели лебот на животот материја?… А над сè нели се материја телото и крвта на мојот Господ? Или значи ќе го негираш светотаниското значење на сето тоа или ќе се приклониш на црковната традиција на почитување на иконата на Бог и Божјите пријатели кои се посветени со името кое го носат и кои поради тоа се исполнети со милоста на Светиот Дух. Не ја навредувај, значи, материјата: таа не заслужува презир, бидејќи ништо од она што Бог го создал не е за презирање“ (Contra imaginum calumniatores, I, 16, изд. Kotter, стр. 89-90).

Гледаме дека, поради овоплотението, материјата е обожествена, се набљудува како Божјо пребивалиште. Станува збор за новиот поглед на светот и материјалната стварност. Бог постана тело и телото постана вистинско Божјо пребивалиште, чија слава блеска на Христовото човечко лице. Затоа поттикнувањата на тој источен учител и денес се многу актуелни, со оглед на многу големото достоинство на кое е материјата воздигната во овоплотението, постанувајќи, во верата, знак и делотворна Света Тајна на средба на човекот со Бог. Затоа Иван Дамаскин останува привилигиран сведок на почитувањето на иконите, кое до денес ќе остане едно од најистакнатите гледишта на источната теологија и духовност. Се работи сепак за обликот на култот кој припаѓа едноставно на христијанската вера, вера во оној Бог Кој постана тело и се направи невидлив. Неговото учење се вклопува во традицијата на Црквата, чија наука за Светите Тајни предвидува дека материјалните работи преземени од природата можат да постанат преносители на милостите по повикувањето (epiclesis) на Светиот Дух, со исповедувањето на вистинската вера.

Од катехезата на папата Бенедикт XVI

Битно.нет/С.С.

За авторот