Сестрите на Мајка Тереза: Нема да го напуштиме Јемен

Загриженост, гнев и болка поради подмолниот напад изразија индиските бикупи, соберени на генерално осбрание во Бангалор, говорејќи за крвопролевањето кое се случи на 4 март во Аден, Јемен, во кое загинаа 16 луѓе, меѓу кои четири чесни сестри. Убиените монахињи се од Конгрегацијата Мисионерки на љубовта, од кои едната сестра по име Анселма е Индијка од сојузната држава Џарканд.

Околу 180 бискупи присутни на генералното собрание на Индиската бискупска конференција се собраа на посебна молитва за жртвите, изразувајќи сочуство на конгрегацијата која ја основаше Мајка Тереза од Калкута. Овие брутални напади од злобните умови над христијанските мисионери нема да го обесхрабат нашето залагање во служењето на сиромашните и болните – истакнаа бискупите и исто така, искажаа загриженост. Освен тоа, бискупите изразија надеж за брзо ослободување на индискиот салезијанец отец Тома Узуналил, кој е киднапиран и сé уште е во рацете на терористите кои го извршија крвопролевањето.

Во соопштението кое го пренесе агенцијата Fides, Мисионерките на љубовта изјавија дека после крвопролевањето во Јемен нема да ја напуштат својата работа во таа земја, туку ќе продолжат да служат на сиромашните и оние во потреба, потсетувајќи дека Мајка Тереза секогаш била во најоддлалечените делови на светот, независно од околностите во тоа место.

РВ/к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот