Салезијанката сестра Каролин Таха Фахак е удостоена со престижната меѓународна награда „Храбри жени“ 2017 , која што секоја година се доделува од Стејт департменот на САД.
„Сестра Каролин – како што се вели во нотата на Меѓународниот совет на генералните настојателки – е наградена поради својата храброст за служење на погодените од конфликтот во Сирија, и за нејзините напори во заштитата и поддршката на најранливите, посебно децата, бегалците и раселените жени. Ризикувајќи го својот живот, сестра Каролин, стана знак на надеж за муслиманите и христијаните. Освен што раководи со една детска градинка и дава сигурна средина за трауматизираните деца, таа раководи и со кројачки работилници, каде што најранливите жени го учат кројачкиот занает и се стекнуваат со искуство.
РВ/к.мк